Испукани рафали од автоматска пушка во скопско Количане

На местото на настанот биле пронајдени чаури од автоматско оружје, а повредени лица нема. Веднаш по настанот од страна на полициски службеници од единицата Алфа било сопрено возилото со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М. од с.Горно Количани. При преглед во возилото биле пронајдени неколку куршуми од автоматска пушка, но оружје не било пронајдено. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.