Истанбул: Едно лице загина, а седум се повредени во напад на партија

Портпаролот на турската Партија на националистичкото движење е убиен, а седум се ранети во напад на една канцеларија во Истанбул на таа десничарска парламентарна партија, пренесуваат денеска турските медиуми.

Нападот се случил доцна синоќа во истанбулскиот дистрикт Есенјурт, непосредно по формирање на изборниот штаб на партијата пред локалните избори во март.

Лидерот на партијата, Челал Адан рекол дека зад нападот стои сепаратистичката Курдистанска работничка партија.