Истанбул и Виена најчести авионски дестинации

Министерството за транспорт и врски информира дека во текот на октомври 2014 година е забележан пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава.

Од почетокот на годинава до сега на двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 1.098.636 патници, што е зголемување од 18.1% во однос на минатата година.

Во октомври на аеродромите имало 109.811 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 19.8% во однос на истиот месец минатата година, при што на скопскиот аеродром „Александар Велики“ е регистриран пораст од 21.1%, односно 107.668 патници.

Според застапеноста на дестинациите по број на патници, најголемиот дел од патниците, односно 15.8% патувале за Истанбул, 8.4% за Виена, 7.9% за Цирих, 5.7% за Лондон, 5.7% за Базел, 5.6% за Малме и 5.2% за Белград.