Истанбул: Полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Во Истанбул припадниците на силите забезбедност употребиле солзавец против демонстрантите, кои протестираа против законот, што ја предвидува можноста за контролирање на корисниците на Интернет, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Станува збор за следење на активноста на поединечни корисници.

Органите на редот користеле солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите, кои инсистирале за оставката на премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Речиси две илјади лица се собраа на централниот плоштад на градот.