Истанбул: Судири меѓу демонстранти и полицијата

Полицијата во Истанбул денеска употреби солзавец против група демонстранте, кои се противат на изградбата на џамија во паркот Велидебак во азискиот дел на овој турски мегаполис, јавува МИА. 

Инаку, во обид да го спречат влегувањето на еден камион кој носел генератор и градежна опрема, демонстрантите поставија шатори во близина на паркот во Оскудар,.

Полицијата која од неделата се справува со демонстрантите, денеска постави барикади во близина на местото каде треба да се гради џамијата, но употреби и солзавец за растирање на насобраните учесници на протестот. Некои турски медиуми јавија и дека полицијаци користеле и палки против демонстрантите.

Административниот суд издаде наредба да запрат активностите околу изградбата на џамијата, со аргумент дека паркот има статус на заштитена зона, но градоначалникот на Оскудар, кој е од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот, децидно одби да ја почитува одлуката, тврдејќи дека на парцелате до паркот може легално да се гради, бидејќи местото и припаѓа на општината.

Локалните активисти на почетокот на октомври собраа речиси 80.000 потписи на иницијативата против понудениот проект за изградба на џамијата, кој е одобрен од општинските власти. Се планот се предвидува укинување на заштитниот статус на паркот и негово претворање во наменето за свадби и свечености, како и за отворен театар.

Паркот Велидебаг, е еден од неколкуте преостанати зелени појаси во азискиот дел во Истанбул, каде се сместени неколку историски знаменитости.

Во мај минатата година, екологистите започнаа протести во Истанбул во паркот Гези, со цел да се спречи сечење на дрва во него, во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот Таксим, Протестот тогаш прерасна во масовни антивладини собири ширум Турција, во кои имаше неколкумина загинати и илјадници повредени лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.