Истекол непознат опасен материјал, над 150 лица во болница

Вкупно 149 деца и осуммина возразни вчеравечер се примени на медицинско набљудување во болница во њујоршкото предградие Јонкерс .

Како што соопштија претставници на полицијата, мерката е преземена откако во училиштето истекол „непознат опасен материјал“.

ТАСС јави дека некои од учениците, кои биле однесени во  болница, се почуствувале лошо, а другите биле ставени под лекарско набљудување како превантивна мерка.

Нема опасност за животот на некој од хоспитализираните. Меѓу нив петмина се пожарникари, кои први пристигнале на местото.

Работниците од спасувачките служби се обидуваат да ја утврдат причината за тоа што се случило. Се претпоставува дека извор на истекувањето на материјалот бил училишната кантина.