Катица Јанева нов специјален обвинител

Денес истекува рокот за избор на специјален обвинител, а неофицијално  Катица Јанева, актуелната обвинителка од Гевгелија ќе биде новиот јавен специајлен обвинител, партиите во 5 часот утрово се договорија за име и за законот по кој ќе работи новисот специјален обвинител, тврдат за 24 вести изввори од преговорите.

Според Договорот од Пржино до 15-ти септември треба да има нов специјален обвинител со целосна автономија да ја води истрагата за случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Специјалниот обвинител го именуваат потписниците на Договорот.

Засега нема официјална информација дали и што е договорено на вчерашната последна рунда разговори на работните групи на политичките партии и белгискиот експерт Питер Ванхоуте, на која присуствувале и амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Денеска во Собранието би требало да се изгласа и новиот закон, според кој специјалниот обвинител ќе реши колку заменици ќе има, а ќе се гласа и за предлогот за Јанева.

Според изјавата на Ванхауте од петокот, подготвена е предлог верзија за измена на Законот за избор на специјалниот обвинител, која тој ја претставил пред работните групи.

Катица Јанева ќе треба да ги истражува случаите „Прислушување“ и „Пуч“.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.