Истекува рокот за увезување половни возила постари од 2005-та година

Рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 истекува на 1-ви јули. Од тогаш ќе можат да се увезуваат само автомобили со стандард Еуро 4 или повисоки.

Од јули граѓаните ќе можат да увезуваат само возила понови од 2005 кои исполнуваат повисоки стандарди во насока на помало загадување на воздухот, но истото значи и повисока цена.

Според Царинската управа, податоците велат дека во првите 2 месеци од 2016 во Македонија се увезени 4 209 половни возила. Тоа е дупло повеќе од истиот период лани, кога во Македонија биле внесени 2 514 возила. Рекордна година за увозот на половни возила е 2010, кога со законски измени беше олеснет увозот на стари коли со стандар понизок од Еуро 4. Во текот на 2010 година увезени биле над 51.000 возила.