Истепан контролор на ЈСП

Вчера околу 13 часот во автобус бр.67, кој се движел на релација Зелениково – Транспортен центар, на влез на селото Драчево, С.Н. (53), вработен како контролор во Јавното сообраќајно претпријатие, бил физички нападнат од страна на лицата С.М.(22) и И.М.(26).

Причина за физичкиот напад било претходна расправија за неплаќање билети за превоз.

Физичкиот напад е расчистен и против лицата ќе биде поднесена прекршочна пријава од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.