Истепани и ограбени двајца кичевци

Тројца насилници од кичевското село Србица, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа, оти истепале и ограбиле две момчиња од Кичево.

Насилството се случило на 7 јули,околу 3.20 часот на улицата Борис Кидрич. Откако ги истепале В.Ц. и И.Т., на еден од нив му го зеле мобилниот телфон, по што разбојниците избегале.