Истепано момче од Желино

Момче од селото Желино Е.Р. (19), вчера се задобило со телесни повреди  откако бил нападнат на улицата Маршал Тито во Тетово, соопшти полицијата.

Тој првин бил однесен во Клиничката болница во Тетово, а потоа поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата извести дека во врска со инцидентот се приведени две лица, а после расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.