Истетовирале белези од љубов кон својата ќерка (ФОТО)

Двајца британски родители истетовирале црвени кругови, кои наликуваат на белезите од раѓање што нивната ќерка ги има по телото, само за да не се чувствува различна од другите.

„ Мирор“  известува дека 18-месечната Мед-Реј Филипс,  е родена со белези  кои ја покриваат речиси цела половина од нејзината  десна страна.

Нејзината 40-годишна мајка, Тања Филипс вели дека белезите се пропратен ефект на медицински проблеми што  нејзината ќерка ги доживеала по раѓањето.

„Таа се бореше да диши кога се роди, и беше пренесена на Одделот за посебна грижа. Кога отидов да ја видам таа лежеше во  инкубатор и тогаш ги видов белезите. Моето срце се скрши. Почнав да плачам бидејќи знае дека моето бебе ќе биде трајно обележано за цел живот“, вели мајката.

Кога излегувале, таа секогаш и ги покривала нозете на својата ќерка, за да го избегне непријатното зјапање од луѓето. Малата Мед-Реј, кога за првпат облекла кратки панталони, голем број погледи биле насочени кон неа, а имало и нечувствителни кои си шепотеле меѓусебе за состојбата на детето.

Тогаш, родителите донеле одлука дека нивната ќерка ќе биде многу посреќна ако таа не биде единствената коа изгледа така.

Тие ги истетовирале на своето тело белезите на својата ќерка за да ја потсетат  дека таа секогаш ќе ја има љубовта на нејзините родители.

tatoooo

taaa