Исти настани, исти ликови – се повторува сценариото од 2001!

Голем број на експерти, политички аналитичари и добри познавачи на состојбите во вчерашниот инцидент во липковско Гошинце гледаат реприза на случувањата од 2001 година. Тие се согласни дека исто како и тогаш, и сега станува збор за добро осмислен обид за дестабилизација на Македонија со логистичко учество најголемата македонска опозициска партија и полугите на Соросовата фондација во земјава, објави „Курир“.

                               2001                                                                                                      2015

Верушевски, Лазаревски и Костовски                            Верушевски, Лазаревски и Костовски

             незаконски снимаат                                                                     незаконски снимаат

Порталот пишува дека станува збор за исто сценарио, исти ликови и настани, кои водат кон иста цел како и тогаш, која народот овој пат нема да ја дозволи, институциите на системот со одлучно и решително дејство и со поддршката на граѓаните ќе обезбедат продолжување на напредокот на Македонија.  Сценариото исто како пред 14 години. Се започнува со операција за незаконско стекнување на приватни прислушувани разговори која е изведена на истиот начин и од истата тројка како и во 2001 година, Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Истата тројка и сега незаконски снима и слуша разговори и потоа креира материјали кои ги дава на претседателот на СДСМ. Сега има и признанија на Лазаревски и Костовски дека тоа го правеле, а Костовски е правосилно осуден на затворска казна и истакнува дека сето тоа го правеле незаконски и за пари, внесувале броеви кои им ги давал Верушевски кој потоа креираните материјали ги дава на Заев, а опозицискиот лидер ја потврдува и признава таа соработка

2001                                                                                                  2015

Црвенковски незаконски објавува         Заев незаконски објавува, а Црвенковски го поддржува

По незаконското прислушување, следува незаконско објавување на тие материјали, во 2001 година тоа го правеше Бранко Црвенковски, а сега истото го прави Зоран Заев, поддржан токму од Црвенковски.

И во двете објавувања заедничко е дека се пласираат креирани материјали чија основна цел е ослабување на системот на одбрана, компромитирање на безбедносните сили, давање на сензитивни инфиормации за составот, опременоста и оперативноста на безбедносните сили, оддавање на државни тајни, напад врз правосудните органи, креирање на тензии и подлеби, закрвување помеѓу народот.

Во 2001 дејствуваше „Доста е“, сега дејствуваат соросовите пленуми

Таканаречените пленуми кои се продолжена рака на СДСМ и нова форма на делување, а во насока на освојување на власта преку креирање на слика за наводно незадоволство кај различните групи на граѓани се иста работа како и соросовата организација „Доста е“ во 2001-ва година.

СОРОС и СДСМ денеска дејствуваат преку пленумите кои се финансирани од нив и се полни со нивни активисти, а идентично во 2001-ва година дел од ова сценарио беше платформата „Доста е“, која пак беше финансирана и организирана од фондацијата СОРОС.

И двете организации се финансирани од Сорос на Владимир Милчин, целта и на двете им е да внесуваат поделба помеѓу населението, да подигнуваат тензија, да го дефокусираат вниманието на полицијата од можните акти на загрозување од надвор. Целта е континуирана критика на Владата без аргументи и пласирање на тези кои наводно ги емитираат невладини организации, а во суштина тоа се партиски активисти на СДСМ.

2001-ва се случи Танушевци, сега се случува Гошинце

И во двата случаи, и во 2001 година и сега, терористи од Косово упаѓаат на македонска територија и прават безбедносен инцидент. И во двата случаи имаше упад на 40-50 лица кои навлегоа во селата и во двата случаи спремно сето тоа го дочекуваат новинарите блиски на СДСМ и СОРОС фондацијата и веднаш почнуваат координиран напад дека наводно тоа е фингерај на власта, што е неточно, и во 2001 се покажа дека било неточно.

Во 2001 година на караулата Кодра фура до село Танушевци, 40-тина униформирани лица со ознаки УЧК кои првпат се појавија, заробија 4 граничари на АРМ, кои после 12 часовно заложништво беа ослободени, со напомена за половина час да заминат од местото, потсети денеска партијата ТМРО.

-Условот тогаш беше да бидат трампани за извесен Џавид Асани. Ова беше првата акција на УЧК, по што почна војната во 2001година. Вчера на 21 април 2015 во село Гошинце на караулата беа заробени 4  македонски граничари, кои биле ослободено по 12 часа, со напомена за половина час да заминат од местото. Дали имало и овој пат некој услов за ослободување на граничарите или било со друга цел, останува нејасно, реагираа од ТМРО.

За ТМРО двата настани се веќе видени, сценариото е потполно исто, дури и бројот на луѓе, реченици… Очигледно и режисерот е ист.

-Тогаш бевме принудени да се редифинира значењето на народот. Неколку пратеници тогаш бевме прилично жестоки, го принудовме тогашниот претседател Трајковски да се избрише преамбулата. Со сила се противевме против преамбулата да се избрише македонскиот народ. Да немавме цврста позиција, ќе пројдеше неповолниот сет. Сега тоа е дел од историјата, но за жал историјата се повторува. Многу од актерите се исти и што е најтрагично СДСМ оди по истиот терк од 2001.  Црвенковски излезе со папка прислушкувани разговори чија веродостојност никогаш не се утврди. Верушевски и другите се иста констанца и тогаш и сега, вели поранешниот пратеник Филип Петровски.

Заев се заканува со протести против власта исто како Црвенковски во 2001-ва

Зоран Заев исто како и неговиот ментор во 2001 година Бранко Црвенковски се заканува со протести против власта. Позинавачите сметаат дека и во двата случаи целта е да се развлечат безбедносните сили и да се внесе закрвеност помеѓу Македонците и само Македонците да се претстават како деструктивна сила.

Заев и неговите поддржувачи се закануваат со крв по улиците, а платеникот Стојанче Ангелов истакнува дека со УЧК е подготвен да оди против власта.

-Не може Заев кој се бори за слобода и демократија да сака да падне крв, па макар од прстот. Но, гледам дека тоа може да се случи затоа што гневот расте, притисокот кон опозицијата да го предводи тоа е огромен. Не може овој гнев кај граѓаните да се контролира. Не може, како вода од дланките бега, вели Заев во интервју за една охридска телевизија.

Атмосферата за насилство ја гради и Бранко Героски кој во своја колумна заговараше доаѓање на СДСМ на власт без избори со бунт.

-Јас сум убеден дека ако Груевски одлучи да свика избори што самиот ќе ги организира и ако за тоа ја добие поддршката од ДУИ, опозицијата ќе одговори одлучно и громко – бојкот, улица, отпор и бунт, напиша Геровски во својата колумна.

Во исто време пак, вакво сценарио најавува и влијателниот опозициски новинар Зоран Димитровски кој веќе во новиот број на Фокус во насока на подготовка на јавноста разработува сценарио за можна ескалација на собир кој неформално и беше најавен на 9 мај каде се споменуваат и вооружени групи од опозицијата кои би можеле да дејствуваат.

Платеникот Ангелов пред извесно  време објави статус на Фејсбук во кој реплицирајќи му на новинарот Латас беше експлицитен дека и со командантите од УЧК би се борел  само да падне актуелната власт.

-Овојпат нема да бидам против него! Овојпат со него ќе бидам против тебе! Против тебе и овој гнасен и криминален режим!, пишува Ангелов.

Неговата изјава за желба за сојузништво со УЧК, Стојанче ја надополни и со фотографии на кој се појавува со капа од УЧК.

Венците на Борјан пандан на Овде сме тепајте не’ на Роберт Поповски

И во двата случаи се организираат новинари кои се платени од фондацијата СОРОС со цел да настапат класично политички и да ја нападната власта политички.

Таков беше примерот со демек независниот новинар и демек независниот Претседател на ЗНМ, Роберт Поповски, сега шеф на центарот за комуникации на Заев. Јавноста го памети Поповски по кампањата “Овде сме тепајте“ од пред 14 годни, кампања против Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски.

Црвенковски бараше техничка владата, Заев бара преодна влада

Целта и на двете барања, на Бранко Црвенковскли во 2001 година и на Зоран Заев сега е преку заобиколување, надвор од волјата на граѓаните да се дојде на власт. Политичките аналитичари коментираат дека не само што се пресликува сценариото, туку и зачудува моментот како сите чекори се движат во идентично време, како што се случуваа и во 2001-ва година.

-И тогаш почеток на целата афера беше „Големото уво“ и сега истото тоа е направено, но актерите се поинакви. Луѓето од МВР кои го правеле прислушувањето, имињата им се идентични и во 2001-ва и сега, структурите кои медиумски ги поддржуваат- и тогаш беше СОРОС и сега е СОРОС. Целта нивна да ја дестабилизираат безбедносната структура на Македонија се случува сега. Гледаме дека најнападнати луѓе во моментов се министерката за внатрешни работи и директорот на Упрвата за безбедност и контраразузнавање. Нападнат е правосудиот систем, негирани се сите институции, со самото тоа да се ослабне државата и нејзиниот безбедносен систем, а воедно се прави медиумска поддршка за поделба меѓу населението, да се направи расцеп меѓу него, вели аналитичарот Александар Пандов.

Универзитетскиот професор Оливер Андонов смета дека споредувајќи го сценариото кое сега се одвива со она кое се одвиваше 2000-2001 година, уривањето на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, со сегашниот обид за уривање на владата на ВМРО-ДПМНЕ се добива еден лош впечаток дека се работи за исто сценарио, со различни актери.

-Она што веќе институциите го превземаа е во рамки на законските обврски кои мора да бидат превземени, упатување на дополнителни полициски сили за расчистување на криминалните дејствија кои се случиле, откривање на терористичките групи и враќање на поредокот и суверенитетот на делот од територијата на Република Македонија кој бил запоседнат од терористички групи. Следно што институциите треба да направат е врзано за одржување на јавниот ред и мир, за заштитата на слободите, имотот и животите на граѓаните на Македонија и да се потрудат состојбата безбедносно да биде стабилна и да се откријат виновниците, вели Андонов.