Источна Европа со поголем економски раст од Еврозоната

Економијата во Источна Европа и покрај украинската криза, долгорочно ќе расте за разлика од Еврозоната.

Ова го оценил гувернерот на Националната банка на Австрија, Евалд Новотни.

Тој на конференцијата за Европската економска интеграција „Предизвици и ребаланс во Европа-перспективи за Централна, Источна и Југоисточна Европа“,прогнозирал дека БДП во источна Европа ќе расте од 2-4 % побрзо од Еврозоната.