Источноукраинските сили на самоодбрана контролираат воена база

Источноукраинските сили на самоодбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк, превземале контрола над воената база во која се наоѓаат силите на министерствата за внатрешни работи во центарот на Доњецк.

Прес службата на Народна република Доњецк соопштила дека војската примила наредби од министерството за одбрана на Украина да започнат акција против претставниците на НРД.

Војници на батаљонот Восток дошле на разговори со претставници на провладините сили и почнала размена на оган. После прекинувањето на огнот, контролата над базата ја превзеле самоодрбанбените сили, пренела руската агенција Итар-Тас.

Очевидци рекле дека силен оган од автоматско оружје започнал после 18 часа по локално време, а сообраќајната полиција ги затворила околните улици и не дозволувала сообраќај.

За сега нема податоци за човечки жртви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.