Историчарите порачуваат: За каква заедничка прослава зборуваме, кога Бугарите не признаваат ништо македонско

На вчерашната емисија Ѕид на телевизија Алфа ТВ во којашто се зборуваше на темата Дoговорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, каде што гости беа Тодор Чепреганов и Стефан Влахов Мицов, професорот Чепреганов изјави дека добри односи со соседите се сегоаш добредојдени и треба да бидат врз база на заемно почитување и почитување на разликите помеѓу државите.

Според него, процесите што се случувале кон крајот на XIX век и до ден денес сѐ уште се изразени. Велат дојдено е време да се надмине омразата, а зборуваат за еден народ, заедничка историја додаде Чепреганов.

Истакна дека бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека може да зборуваме за историја на Македонија од 1991 година, односно се бара и македонските историски учебници да се менуваат.

„Јас не познавам држава во светот која учи од туѓи историски учебници. Доколку Македонија ги промени учебниците ќе стане прва држава во светот која го дозвила тоа”, рече професорот.

Додаде дека заедничката прослава на Илинден ќе биде политичка одлука, а не одлука на историчарите и никако нема да биде одлука поткрепена од историски факти. Според Борисов, посочи Чепреганов, историјата на Македонија започнува од 1991 година. Од 1945година до 1991-та според него сме биле под комунистичка дикататура и не сме можеле да се изразиме како Бугари, додаде професорот.

За прашањето дали во македонските учебници по историја постои омраза кон некои од нашите соседи говори фактот дека во 2009 година македонските учебниците беа прогласени за едни од најдобрите во европа токму од европската комисија за образование, бидејќи во нив се застапени историите на сите балкански држави истакна професорот. Сите балкански држави имаат националистички истории само ние немаме бидејќи ја послушавме европа.

Според Чепреганов во целата оваа ситуација Македонија е цело време во дефанзива и само од Македонија се очекува да направи отстапки.

„За каква заедничка прослава говориме кога не признаваат Бугарите ни македонска нација, ни јазик, ни култура, ниту, пак, македонско малцинство”, запраша познатиот историчар.

исто така, го постави прашањето дали ќе го празнуваме Илинден како еден народ или како две посебни нации. Зошто Борисов не се поклони на споменикот на Ченто и со тоа да покаже респект кон македонската држава. Димиторв вели дека договорот е крај на Македонизмот и претварање на Македонија во втора бугарска држава.

Стефан Влахов Мицов, пак, го постави прашањето зошто Бугарите сакаат само одредени делови од македонската историја, а не чепкаат во Крсте Петков Мисирков и Григор Прличев кои јасно се декларираат како Македонци.

Додаде дека тие бараат заедничко славење на Илинден најголемиот македонски празник и најголемото македонско востание.

Истакна дека огромни бугарски напори имало отсекогаш за заедничко славење на Илинден, и тоа на највисоко ниво на бугарски претседатели. Во 2003 година на 100-годишнината на Илинден,тогашниот бугарски претседател Парванов правел огромни напори и притисоци врз Борис Трајковски за заедничко чествување на празникот.

Во 2013-та на 110-годишнината од Илинден повторно имало притисоци, овојпат врз Иванов од Плевнелиев за заедничко славење на Илинден. Иванов во тој момент им понудил три други алтернативни датуми за заедничко славење, меѓу кои денот кога Бугарија ја признава самостојноста на Македонија и денот кога се воспоставуваат дипломатски односи меѓу двете земји. Иванов во тој момент му рекол на Плевнелиев „како не ви е срам да ја блокирате Македонија во евроатланските процеси кога во 1998 година кога една од обврските кои требаше да ги исполните за влез во ЕУ ви беше да ги подобрите односите со соседите меѓу кои и со Македонија ние ви помогнавме“. Плевнелиев на тоа му одговорил „кој ви е виновен кога сте биле глупи“.
Влахов изјави дека Бугарите инсистираат декларацијата од 1999 година да биде вметната во договорот, бидејќи токму таа декларација е на штета на македонските национални интереси и тоа во два правца. Во првиот дава можност на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија и да бара права за „бугарското малцинство во Македониja“, а од друга страна, бара од Македонија да се откаже од македонскот малцинство во Бугарија. Вториот правец е непризнавањето на постоење на македонскиот јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.