Македонија

Историчар бара спојување на териториите каде живеат Албанци

Историчар бара спојување на териториите каде живеат Албанци

Во денешното издание, весникот Дан од Подгорица објавил дека Данај во редакцијата пратил писмо во кое инсистирал на “самоопределување” на Албанците во другите земји, доколку, како што е наведено, Република Српска се одвои од Босна и Херцеговина и се соедини со Србија.

prirodna-albanija-koco-danaj-01

Албанија, според зборовите на Данај, е единствена земја во Европа која “се граничи сама со себе”. Данај во своето писмо ги “теши” соседите на Албанија, велејќи дека тој не е за “Голема Албанија”, туку за “природна”, бидејќи како што наведува, тој е антифашист.

Според тврдењето на Данај, меѓународната заедница, бидејќи сака мир и стабилност во регионот, почнува да ја уважува идејата за обединување на сите Албанци.

“Природна Албанија значи замена на оската Белград – Атина со триаголник Белград – Тирана – Атина, по обединувањето на Косово и другите делови на албанските територии со матичната земја”, пишува Данај во писмо кое го пренесува црногорски Дан.