Историска средба на лидерите на Кина и Тајван

веренитет над Тајван од 1949 година, кога националистичката Влада побегна од островот по поразот од комунистите.

Разговорите доаѓаат пред претседателските и парламентарни избори во Тајаван, на кои фаворит е Демократската прогресивна партија, која се залага за независност, што Кина сака да го избегне.

Во текот на ноќта тајванската полиција спречи обид на стотина демонстранти да влезат во добро чуваната зграда на парламентот, носејќи транспаренти „Тајван независен“.

Односите меѓу Кина и Тајван се поправени откако претседателот Ма Јинг-џеу ја презема власта во 2008 година.

Кинеската влада тврди дека Тајван е дел од нејзината територија и се заканува дека ќе се спротивстави со воена сила на секој обид за целосна независност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.