Историската грешка на Париз е што го признала Косово

Официјален Париз направи историска грешка со тоа што го призна Косово, изјави францускиот европарламентарец Емерик Шопрад, наведувајќи дека НАТО со војната против Србија го потврди сепаратизмот на Албанците, а дека ЕУ само ја следела американската политика.

Шопрад, кој неодамна во Надворешнополитичкиот одбор на Европскиот парламент јавно проговори за страдањата на Србите на Косово, за денешниот број на весникот „Новости“ изјави дека Косово никогаш не може да влезе во ЕУ затоа што е „легло на криминал и ја има одговорноста за етничкото чистење на Србите и другото нелабанско население“.

– Сето ова, за жал, е продолжување на тоа што се случувало во 1999 година, од времето на нелагалната војна на НАТО против Србија, чија цел беше да се потврди сепаратизмот на Албанците од Косово, кои од демографски причини станаа мнозинство на оваа тероторија. А ЕУ ја следеше американската политика, рече функционерот на францускиот Национален фронт.

Според него, од сето тоа главно профитираа САД, бидејќи Србија, која е православна земја и е историски блиска со Русији, претставуваше регионална сила.

– Разбивањето на Југославија имаше за цел ослабување на српскиот народ во корист на другите нации. Зад правата на малцинставата се криеја стратешките интереси, американски, но и германски, рече Шопрад.