Балкан

Историски ден за Србија – знамето и се вее во Брисел

Историски ден за Србија – знамето и се вее во Брисел

Ова е историски ден за Србија, можеби најважниот од Втората светска војна, истакнал српскиот премиер Ивица Дачиќ, по официјалниот почеток на преговорите за пристапување на земјата кон ЕУ.

„Која гордост е да го видиме српското знаме да се вее во Брисел“, не го криеше своето задоволство и вицепремиерот Александар Вучиќ.

Двајцата српски претставници си поставија за цел да го завршат процесот на пристапување во 2018 година, а во 2020 година земјата да влезе во големото европско семејство.

Во Брисел експертите сметаат дека четири години нема да бидат доволни за завршување на сложениот и технички процес што води кон пристапување во ЕУ.

„Почетокот на преговорите за пристапување е признание за долгогодишните напори на Србија, особено во однос на Косово“, истакна еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Експертите во Брисел се загрижени и од знацитете на политичка нестабилност во Србија, што може да доведат до предвремени парламентарни избори напролет, помалку од две години по формирањето на владата на Дачиќ, забележува „АФП“.