Анализи

Историски христијански гест, папата му бакна рака на патријархот

Историски христијански гест, папата му бакна рака на патријархот

Папата Франциско му одаде најголема почест на вселенскиот патријарх Вартоломеј со тоа што му ја бакна раката, по што заедно се молеа во Ерусалим.

Двајцата лидери на црквите заедно беа во Светата земја, како што некогаш тоа го направија папата Павле шести и Патријарт Атенагорас во 1964 година.

По потпишувањето на декларацијата во која се повикуваат на приближување на Римокатоличката и Православната црква, Франциско и Вартоломеј одржаа заедничка молитва во црквата на Христовиот гроб во Стариот град на Ерусалим.

Потоа насамо го посетиле гробот на Исус Христос и заедно се помолиле. По говорот на Вартоломеј, папата му ја зел раката и му ја бакнал.

Ова е историско случување со кое папата му даде почест на патријархот, а светските медиуми ја пренесуваат оваа вест во контекст на тоа колку работите се промениле во односите меѓу двете цркви.

Медиумите пренесуваат дека денеска папата своеволно од почит го направи овој гест, додека пред сто години патрјирахот Џозеф втори бил приморан да му ги бакне нозете на папата Еуген четврти како знак на подреденост.

Светските агенции оценуваат дека ова е историско случување во Христијанството, бидејќи католиците и православните никогаш не биле толку блиско доктринирани од 1054 година, кога додје до канонско одвојување и прекинување на литургиската заедница на западната и источната црква.