сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 55

Историскиот состанок во Барселона донесе драстични промени во Евролигата

Вчеравечер заврши историскиот состанок во Барселона каде беше објавен новиот концепт на Евролигата, а по истиот почнаа да кружат шпекулации околу висината на договорот помеѓу елитното кошаркарско натпреварување и ИМГ компанијата, односно околу потполнувањето на преостанатите три места за сезоната 2016/2017.

Историскиот состанок во Барселона донесе драстични промени во Евролигата

Историскиот состанок во Барселона донесе драстични промени во Евролигата

Поврзани вести

Евролигата соопшти дека три екипи ќе добијат учество како шампиони во националните првенства, но не објави кои ќе бидат тие држави.

Сепак, според првите гласини кои стигнуваат од добро упатени кошаркарски кругови, две од трите места ќе им припаднат на шампионите на Франција и Германија.

Како што пишува шпанска Марка, договорот помеѓу ИМГ групата и елитното натпреварување би можел да изнесува неверојатни 872 милиони евра, од кои клубовите по сезона би делеле загарантирани 36 милиони евра, а остатокот би бил вложен во инвестиции за натпреварувањето, ТВ правата и маркетингот.

Најчитани вести