Историско намалување на невработеноста

Историско намалување на невработеноста. Дека владините проекти за намалување на невработеноста даваат резултати покажува и последниот податок на Државниот завод за статистика за намалување на невработеноста на 26,8 проценти заклучно со вториот квартал од 2015-та година.

Станува збор за историски најнизок процент на невработеност во Македонија.  Истото се должи на силните заложби на македонската Влада која со низа проекти ја исполнува својата примарна цел- да се отворат нови работни места.

Преку проектот „Македонија вработува“ за четири месеци вработени се 5.823 лица од целата држава.
Преку проектот „Македонија вработува“ за четири месеци вработени се 5.823 лица од целата држава.

Владините проекти, новите странски инвестиции и отворањето нови фабрики ширум Република Македонија влијаат да се создадат нови работни места во повеќе општини, да се намали невработеноста на територијата на цела држава. Верувам дека до крајот на годината ќе вродат со уште позначителен резултат односно континуирано ќе продолжи значително да се намалува невработеноста во земјава, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Преку проектот „Македонија вработува“ за четири месеци вработени се 5.823 лица од целата држава. Овој проект, оцени дека дава исклучителни резултати и ќе продолжи во иднина, што, според министерот, ќе продолжи да влијае во намалување на невработеноста во државата.

Во општина Берово овој проект досега отворил 60 работни места за само четири месеци. Во Делчево и Македонска Каменица отворени се над 120 работни места.

Проект ќе продолжи и понатаму да влијае на креирање нови работни места, меѓутоа и поголема поддршка на приватниот сектор односно значителни субвенции од страна на државата за развој на сопствениот бизнис, нагласи Спасов.

Преку оперативниот план за вработување, активните мерки како што е грантот за самовработување, информира дека само оваа година поддржани се 500 приватни компании, а до крајот на годината очекува бројката да достигне околу илјада.

Со мерката вработување млади до 29 години и со една година ослободување за плаќање придонеси за приватните компании за околу година и пол се вработија околу 9.600 млади лица, подвлече министерот Спасов.

За разлика од историското намалување на невработеноста во време на ВМРО-ДПМНЕ статистиката во периодот на СДСМ од 2002 до 2006 година е поразителна. Тогаш невработеноста во Македонија изнесуваше 38%.

Во 2007 година по доаѓањето на актуелната владејачка партија невработеноста беше намелена на 34,9% и истата континуирано се намалува.

Во 2008 невработеноста изнесуваше 33, 8% , во 2009 -32,2%, во 2010  изнесуваше 32%.

Во 2011 година стапката на невработеност во Македонија изнесуваше 31,4%, една година подоцна 31% , за во 2013 дополнително да се намали на 29%.

Минатата година стапката на невработеност во Македонија изнесуваше 28%, за годинава да биде достигнато историско намалување на невработеноста од 26,8%.

 

Експертите сметаат дека владините мерки за намалување на невработеноста даваат големи резултати. Повеќе за ова на следниот линк.