Истрага против 90 екстремисти во Канада

Шефот на канадската полиција, Боб Полсон изјави дека во тек се 63 активни истраги против 90 осомничени екстремисти кои или имаат намера да се борат надвор од границите на земјата или се вратиле во Канада.

Полсон пред парламентарниот одбор за јавна безбедност рече дека истрагите се остри и темелни, но и дека „Канаѓаните не треба да се грижат“.

Мишел Колумбе, директорот на Канадската разузнавачка агенција, изјави дека се знае за 80 лица кои се вратиле во Канада и кои се осомничени за терористичките активности во Авганистан, Пакистан, Јемен, Либан и регионот на Северна Африка.

Тој додаде дека движењето на овие луѓе се познати и дека сите тие можат да се третираат како потенцијална закана. Некои биле вклучени и во неборбени активности како што се собирање на парични средства и пропаганда, пренесува АП.