Истрага за смртта на Принс: Фентанил пронајден во шишенца за Витамин Ц

Таблети земени од домот на американскиот пејач Принс по неговата смрт, се фалсификувани и содржеле фентанил – наркотички аналгетик 50 пати посилен од хероинот, изјави лице блиско до истрагата.

Во Пејсли парк во Минесота каде живееше Принс пронајдени се десетина таблети, а најмногу се пронајдени во шишенца од Витамин Ц и Аспирин.

Резултатите од аутопсијата објавени во јуни покажаа дека Принс (57) починал на 21 април поради „случајно предозирање со фентанил“.