Истрагата на МВР за Гошинце во тек, идентичноста на ликовите и сценариото од 2001. на очиглед на јавноста

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со утврдувањето на сите аспекти по инцидентот во Гошинце. Голем дел од анализите и вештачењата се веќе направени, а утврдени се значителни факти околу инцидентот. И понатаму надлежните работат кон потврдување и заокружување на сите околности.
Во меѓувреме, додека истрагата трае во јавноста меѓу познавачите и експертите главна тема е идентичноста на она што се случува денес и настаните во 2001-ва година, анализира Курир.

Овие факти, според експертите, упатуваат на поврзаност на сите работи што сега се случуваат. Тие сметаат дека се стимулирани од СДСМ, како што на ист начин и во 2001-вата беа направени од истата партија со епилог добро познат на целата јавност.

2001. Верушевски, Костовски и Лазаревски незаконски снимаат
2015. Верушевски, Костовски и Лазаревски незаконски снимаат

Исто сценарио, исти ликови и настани, кои водат кон иста цел како и тогаш, која народот овој пат нема да ја дозволи, институциите на системот со одлучно и решително дејство и со поддршката на граѓаните ќе обезбедат продолжување на напредокот на Македонија.

Истата троја незаконски снима и прислушува разговори, па креира материјали кои ги доставува до лидерот на СДСМ. Оваа година има признанија дека тоа го правеле, а еден од осомничените, кој детално го објаснил и признал дејствувањето, е и осуден на три години затвор. Осудениот Ѕвонко Костовски пред судот кажал дека добивале броеви кои биле мета за прислушувањето, а за стореното дело добивале финансиска награда од Верушевски.

2001. Црвенковски незаконски објавува
2015. Заев незаконски објавува, а Црвенковски го поддржува

Аферата во 2001-ва беше претходник на воениот конфликт од 2001 година, и вовед во формирањето на широката коалиција по него, која не одведе до потпишување на Рамковниот договор со кој, меѓу другото, е релативизирана улогата на македонскиот народ во создавањето на македонската држава. Случајно или не, актуелниот лидер на СДСМ не само што доследно истоветно го спроведува тогашното сценарио на својот претходник, туку забележливо е што користи слични формулации. Сличности има премногу дури уште со месеци претходно пред самото објавување на материјалите од прислушувањето.Имено, пред објавувањето на аферата „Големо уво“, политичката сцена во Македонија беше разнишана со нефункционално Собрание.

Црвенковски околу еден и пол месец пред објавувањето на аферата со „прислушување“ речиси секојдневно изјавува дека новата влада ќе има краток рок на траење. На 17 јануари 2011 година, Црвенковски на прес-конференција во парламентот објави дека СДСМ поседува мноштво документирани случаи на прислушување на телефонските разговори на тогашниот претседател Борис Трајковски, на поранешниот претседател Kиро Глигоров, на 15 пратеници од власта и опозицијата, на неколку тогашни и претходни министри, на јавниот обвинител Ставре Џиков, на претседателот на ДИK, на лидерот на СДСМ – самиот Црвенковски, на 25 новинари, неколку директори и носители на јавни функции. Тогашниот лидер прстот за прислушувањето го посочи кон Владата, но „Црвенковски не сакаше да открие од кои извори му се документите“, пишува „Дневник“ на 18 јануари. Според лидерот на СДСМ, само МВР и нејзините управи имаат техничка можност да направат такво масовно прислушување.

Еве што кажа Црвенковски дента кога на прес-конференција ја објави аферата за тогашното прислушување:
„Дефинитивно станува јасно дека со оваа власт ниту еден од 2,1 милиона граѓани во Македонија, освен двајца, не можат да бидат сигурни дека имаат своја приватност. Ова не е скандал, ниту мегаскандал, ова е целосен мрак, темнина, тотална контрола на с`, од страна на една дефинитивно тоталитарна власт… Во секоја, не претерано демократска, туку елементарно нормална држава, откривањето дури и по обем помали афери од оваа сфера власта си заминува. Во деновите и неделите што следуваат ние сите заедно ќе го полагаме испитот дали постои демократски потенцијал ако не кај власта, тогаш кај јавноста“.

Говорот, само приспособен во стилот на актуелниот лидер на СДСМ, речиси е истоветен со она што го слушаме сега од Заев

И во двете објавувања заедничко е дека се пласираат креирани материјали чија основна цел е ослабување на системот на одбрана, компромитирање на безбедносните сили, давање на сензитивни информации за составот, опременоста и оперативноста на безбедносните сили, оддавање на државни тајни, напад врз правосудните органи, креирање на тензии и поделби, закрвување помеѓу народот.

2001. дејствува „Доста е“
2015. дејствуваат пленумите

Таканаречените пленуми кои се продолжена рака на СДСМ и нова форма на делување, а во насока на освојување на власта преку креирање на слика за наводно незадоволство кај различните групи на граѓани се иста работа како и соросовата организација „Доста е“ во 2001-ва година.

СОРОС и СДСМ денеска дејствуваат преку пленумите кои се финансирани од нив и се полни со нивни активисти, а идентично во 2001-ва година дел од ова сценарио беше платформата „Доста е“, која пак беше финансирана и организирана од фондацијата СОРОС.

И двете организации се финансирани од Сорос на Владимир Милчин, целта и на двете им е да внесуваат поделба помеѓу населението, да подигнуваат тензија, да го дефокусираат вниманието на полицијата од можните акти на загрозување од надвор. Целта е континуирана критика на Владата без аргументи и пласирање на тези кои наводно ги емитираат невладини организации, а во суштина тоа се партиски активисти на СДСМ.

2001. се случува Танушевци
2015. се случува Гошинце

Карактерично за двата случаи е што и во Танушевци и Гошинце на македонска територија упаѓаат терористи од Косово. Во двата случаи упадот беше извршен од страна на поголема група од 40-50 лица кои навлегоа во селата. Идентично е и што новинарите блиски на сдсм и СОРОС фондацијата упадите ги дочекуваат подготвени и веднаш почнуваат координиран напад дека наводно тоа е фингерај на власта, што според експерите е неточно, и во 2001 се покажа дека било неточно.

Сред екот на аферата за прислушување што ја отвора Бранко Црвенковски, на 23 јануари, во тетовското Теарце се случува терористички чин. Имено гранатирана е полициската станица со два проектилиа од рачни ракетни фрлачи. Во терористичкиот чин убиен е еден полицаец, а тројца се ранети.

2001. Црвенковски се заканува со протести против власта
2015. Заев се заканува со протести против власта

Зоран Заев исто како и неговиот ментор во 2001 година Бранко Црвенковски се заканува со протести против власта. Познавачите сметаат дека и во двата случаи целта е да се развлечат безбедносните сили и да се внесе закрвеност помеѓу Македонците и само Македонците да се претстават како деструктивна сила.

Па така Заев и и галвните медиумска пера на СДСМ се закануваат со насилство и крв по улиците. Платеникот Стојанче Ангелов истакнува дека со УЧК е подготвен да оди против власта.

-Не може Заев кој се бори за слобода и демократија да сака да падне крв, па макар од прстот. Но, гледам дека тоа може да се случи затоа што гневот расте, притисокот кон опозицијата да го предводи тоа е огромен. Не може овој гнев кај граѓаните да се контролира. Не може, како вода од дланките бега, вели Заев во интервју за една охридска телевизија.

2001. Овде сме тепајте нè
2015. Борјан со венците

И во двата случаи се организираат новинари кои се платени од фондацијата СОРОС со цел да настапат класично политички и да ја нападната власта политички

Таков беше примерот со демек независниот новинар и демек независниот Претседател на ЗНМ, Роберт Поповски, сега шеф на центарот за комуникации на Заев. Јавноста го памети Поповски по кампањата “Овде сме тепајте“ од пред 14 годни, кампања против Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски.

2001. Црвенковски бара техничка влада
2015. Заев бара преодна влада

Целта и на двете барања, на Бранко Црвенковскли во 2001 година и на Зоран Заев сега е преку заобиколување, надвор од волјата на граѓаните да се дојде на власт. Политичките аналитичари коментираат дека не само што се пресликува сценариото, туку и зачудува моментот како сите чекори се движат во идентично време, како што се случуваа и во 2001-ва година.

-И тогаш почеток на целата афера беше „Големото уво“ и сега истото тоа е направено, но актерите се поинакви. Луѓето од МВР кои го правеле прислушувањето, имињата им се идентични и во 2001-ва и сега, структурите кои медиумски ги поддржуваат- и тогаш беше СОРОС и сега е СОРОС. Целта нивна да ја дестабилизираат безбедносната структура на Македонија се случува сега. Гледаме дека најнападнати луѓе во моментов се министерката за внатрешни работи и директорот на Упрвата за безбедност и контраразузнавање. Нападнат е правосудиот систем, негирани се сите институции, со самото тоа да се ослабне државата и нејзиниот безбедносен систем, а воедно се прави медиумска поддршка за поделба меѓу населението, да се направи расцеп меѓу него, вели аналитичарот Александар Пандов.

Универзитетскиот професор Оливер Андонов смета дека споредувајќи го сценариото кое сега се одвива со она кое се одвиваше 2000-2001 година, уривањето на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, со сегашниот обид за уривање на владата на ВМРО-ДПМНЕ се добива еден лош впечаток дека се работи за исто сценарио, со различни актери.