Истражувачите на чекор до пронаоѓањето на црните кутии на авионот на „Ер Азија“

Истражувачите кои се во потрага по остатоците од авионот на „Ер Азија“ кој се сруши во Јаванското Море пред 12 дена детектирале сигнал под водата за кој се претпоставува дека доаѓа од црните кутии на авионот, објави Си Би Ес Њуз.

Според властите во Индонезија, сигналот е детектиран на оддалеченост од околу 300 метри од опашката на авионот, каде вообичаено се сместени црните кутии. Нуркачите во моментов ја пребаруваат областа и се обидуваат да утврдат од каде доаѓа сигналот.

Индонезиските тимови се обидоа со хеликоптери да ја кренат опашката на авионот. Досега пронајдени се телата на 48 патници и членови на екипажот.

фото: CNBC news