Истражување: Британија до 2030 ќе биде најголема европска економија

Велика Британија до 2030 година ќе ги надмине Франција и Германија и ќе постане најголема економија во Европа, покажуваат резулататите од една студија која ја спроведе британската истражувачка група Центар за економски истражувања (ЦЕБР)

Според таа студија, БДП на Британија до 2018 ќе ги надмине БДП на Франција и Германија, пренесува Франс прес.

„Проценките се дека Германија до 2030 година ќе ја изгуби позицијата на најголема западноевропска економија во корист на Британија, поради забрзаниот раст на британската популација и малата зависност на Велика Британија од другите европски економии,“ се наведува во извештајот.

Кога би ја напуштиле Европската унија, Велика Британија според тврдењата на Центарот, ќе бележи и брз раст.

„Мое мислење е дека на краток рок, последиците од напуштање на Унијата би биле негативни.Но на период од 15 години, последиците би биле позитивни,“ изјави директорот на центарот, Даглас Меквилијамс.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.