Истражување: Без Фејсбук луѓето се посреќни

Секогаш им завидувате на другите, немате никаков општествен живот и не можете да се сконцентрирате?

Сето тоа би можело да биде последица на користењето на Фејсбук, предупредуваат група дански научници, тврдејќи дека лицата кои поминале само една недела без оваа социјална мрежа покажале повисоко ниво на среќа.

– Го избравме Фејсбук, затоа што таа е социјалната мрежа која најмногу ја користат луѓето од сите возрасти, објасни, Меик Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата, со чие испитување биле опфатени 1.095 лица.

Доброволците биле поделени во две групи, од кои едната продолжила да го користи Фејсбук редовно, додека припадниците на другата група се воздржале од прикучлување на оваа социјална мрежа во период од седум дена.

По една недела, лицата кои не користеле Фејсбук рекле дека се чувстуваат позадоволни со нивниот живот. Од нив 88 отсто рекле дека се чувствуваат „среќни“, додека истото чувсто го делеле 81 отсто од другата група. Дека уживаат во животот рекле 84 отсто од „апстинентите“, а 75 отсто од „зависниците“ од Фејсбук.

Дека не се задоволни од нивниот живот изјавиле 12 отсто луѓе кои не користеле Фејсбук, а такво мислење имале 20 отсто од оние кои инатаму биле конектирани на социјалните мрежи.

На крајот на експермиентот, „апстинентите“ изјавиле дека имаат побогат социјален живот и помалку проблеми да се сконцентрират, додека од „зависничкиот“ табор рекле дека не забележале такви промени.

– Наместо да размислуваме за она што нам ни е потребно, повеќе се занимаваме со туѓите преокупации, сметаат авторите на студијата.

Корисниците на Фејсбук имаат 39 отсто повеќе изгледи да се чувствуваат помалку среќни од лицата кои не ја користат оваа социјална мрежа, истакнуваат тие.

Според некои поранешни истражувања, Данците се едни од најсреќните народи на светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.