Истрелани две гранати врз руската Амбасада во Дамаск

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека врз зградата на Амбасадата на Русија во Дамаск денеска биле истрелани две минофрлачки гранати.
„На 28 октомври околу 15 часот по московско време терористите истрелаа две минофрлачки гранати врз комплексот на руската Амбасада во Сирија“, се наведува во соопштението.
При нападот нема жртви, но се оштетени четири возила во сопственост на руското дипломатско претставништво.
Министерството во соопштението неведува дека гранатите биле истрелани од реонот на Џобар, кој е под контрола на „антивладините сили“.
„Русија ќе стори се ораганизатроите и извршителите на нападот да ја добијат заслужената казна. Москва внимателно ќе ги следи меѓународните реакции на нападот, за да види кои од нејзините партнери ќе го осудат тероризмот, а кои ги штитат терористите и ги насочуваат на конкретни цели“, се наведува во соопштението на руското Министерство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.