Истрели во седиштето на американската морнарица во Вашингтон

Истрели во седиштето на американската морнарица во Вашингтон

Полицијата го блокира квартот Нејви Јард откако се чуле истрели во седиштето на американската морнарица во Вашингтон, изјави портпаролот на ВМС на САД, Педро Родригез без да прецизира дали има повредени.

Американските медиуми објавија снимки на кои се гледаат десетици полицајци со заштитни елеци и шлемови, распоредени во Нејви Јард, а над нив кружи хеликоптер. Тие го пребаруваат теренот во потрага по вооруженото лице.

Објектот се наоѓа на брегот на реката Анакостија во Вашингтон, на само неколку километри од Белата куќа, пренесува МИА.

Во септември 2013 година во истиот комплекс вооружен маж застрела 12 лица, а осум беа повредени. Напаѓачот веднаш потоа беше убиен од полицијата.