Истурена канцеларија на ФЗО во општина Илинден

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева Змејкова беше во работна посета на својата веќе отворана истурена канцеларија во општина Илинден, при што оствари и среба со градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Канцеларијата е отворена веќе 2 недели и сместена е во просториите на општина Илинден. Истурената канцеларија е отворена секој работен ден од од 08:30 до 16:30 часот.

ФЗОМ за своите осигуреници и за фирмите ги обезбедува седум процеси, односно седум услуги, кои се воедно и најфреквентните. Шалтерските услуги кои ПС Скопје ги обезбедува на осигурениците, а кои ќе бидат обезбедени во истурената канцеларија во Илинден.

Фондот за здравствено осирување на Македонија во општина Илинден овозможува за осигурениците од една страна да се растерети гужвата во подрачната служба Скопје на Фондот, а од друга страна да се скрати непотребното губење на време на 630 фирми и на 16.000 жители кои патуваат од наведените локации до центарот на градот за да ги остварат своите права и правата на своите вработени од областа на здравственото осигурување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.