Македонија

Истурена канцеларија на ФЗОМ во општина Боговиње

Истурена канцеларија на ФЗОМ во општина Боговиње

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази беше во работна посета на својата веќе отворена истурена канцеларија во општина Боговиње, при што оствари и среба со градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи.  Канцеларијата на ФЗОМ е отворена веќе 20 дена, сместена е во просториите на поранешната општинска зграда во село Камењане и отворена е секој работен ден од од 07:30 до 15:30 часот.

Фондот за здравствено осирување на Македонија во општина Боговиње овозможува за осигурениците од една страна да се растовари  гужвата, а од друга страна да се скрати непотребното губење на време 30.000 жители кои патуваат до најблиската подрачна служба на ФЗОМ за да ги остварат своите права и правата на своите вработени од областа на здравственото осигурување.