Магазин

ИТ професионалците и понатаму го преферираат Windows XP

ИТ професионалците и понатаму го преферираат Windows XP

Студијата под името „Како да го преболите XP“, открила дека овој оперативен систем и понатаму е присутен и по 12 години од неговото поставување.

Судејќи по овие резултати, дури 76 отсто од информатичките професионалци и понатаму го користат Windows XP. Од нив, 36 отсто ќе го напуштат овој оперативен систем кога ќе престане да функционира. Ова значи дека кога Windows ќе престане да ја обезбедува потребната безбедносна надградба и исправка на системот, 27 отсто од професионалците ќе продолжат да го користат овој оперативен систем.

Префрлањето на Windows 7 е избор на 96 отсто од анкетираните експерти, во однос на 42 отсто од нив кои се одлучиле за Windows 8 или 8.1, додека 30 отсто од нив би го избрале оперативниот систем на Епл.

Поголемиот број експерти и понатаму одбиваат да го унапредат својот оперативен систем поради недостигот на средства, време и ресурси.

Ова истражување е направено во октомври оваа година и опфатило повеќе од 1.300 учесници.