Италија без Балотели, Шпанија со Диего Коста

Фудбалските фанови денеска ќе добијат шанса да уживаат во неколку интересни пријателски натпревари, а убедливо најголемо внимание ќе привлечи дуелот помеѓу финалистите на последното ЕП во Украина, репрезентациите на Шпанија и Италија.

За прв пат, дресот на актуелниот светски и европски шампион ќе го облече и натурализираниот репрезентативец на Шпанија од редовите на Атлетико (М), Диего Коста, а поради повредата која ја има на десното рамо, дуелот на “Винсенте Калдерон” од пред малите телевизиски екрани ќе го следи најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Италија, Марио Балотели.

Голема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу репрезентациите на Франција и Холандија, а репрезентативците на Германија ќе се обидат да ја оправдаат фаворитската улога во пријателскиот натпревар против секогаш незгодната селекција на Чиле.

Поинтересни натпревари: Шпанија – Италија, Португалија – Камерун, Франција – Холандија, Англија – Данска, Велс – Исланд, Полска – Шкотска, Ирска – Србија, Германија – Чиле, Белгија – БСК, Швајцарија – Хрватска, Романија – Аргентина, Турција – Шведска, Ј. Африка – Бразил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.