Италија доби нов претседател

Уставниот судија Серџо Матарела е новиот претседател на Италија, откако денеска успеа да го добие мнозинството гласови од делегатите.

По три науспешни круга, 1009 пратеници, сенатори и претставници на регионите денеска одново се собраа и со просто мнозинство го одбраа кандидатот на Демократската партија на премиерот Матео Ренци.

Во првите три круга, спроведени вчера и завчера, за избор на претседател беа неопходни две третини од гласовите.

Матарела (73) е првиот претседател на Италија кој доаѓа од Сицилија, а на оваа функција ќе го замени .Џорџо Наполитано (89) кој пред две недели поднесе оставка поради старост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.