Спорт

Италија доби свој Суарез

Италија доби свој Суарез

Уругвајскиот репрезентативец, Луиз Суарез доби наследник, но и конкуренција во грзањето на противничките играчи.

Имано, на мечот од италијанскиот Куп помеѓу Бари и Авелино, играчот на гостинскиот тим Џанмарио Коми го гризнал за раката дефанзивецот на Бари Џузепе Де Лука, а вториот му вратил, го удрил, па добил црвен картон.

Судијата не им покажал црвен картон на двајцата играчи, бидејќи не го видел моментот на гризнување, а подоцна тоа се покажа како решавачки момент, бидејќи токму Коми беше стрелец на решавачкиот гол за победа од 2:1 во самата завршница на мечот.

Де Лука по мечот им се извини на навивачите бидејќи ги оставил своите соиграчи на цедило, но воедно приложил доказ дека бил гризнат.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија најави истрага по која ќе донесе одлука за санкционирање на учесниците во инцидентот.