Италија: Двајца Албанци уапсени со 93 килограми кокаин

Полицијата во Италија уапси двајца албански државјани и притоа заплени над 93 килограми кокаин.

Според албанските медиуми, Албанците биле уапсени од полицијата додека се движеле со автобомил марка „форд куга“ при контрола во близина на границата со Австрија.

Полицајците констатирале дека нешто не во ред со двете лица, по што направиле детална контрола и во автомобилот била пронајдена дрогата. Уапсени се албанските државјани Г.Е.(34) и М.А.(42), се наведува во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека доколку дрогата се нашла на пазарот во дози, нејзината вредност би достигнала 18 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.