Свет

Италија го намали јавниот долг

Италија го намали јавниот долг

Јавниот долг на Италија е намален за 35,6 милијарди евра во декември во однос на претходниот месец, па на крајот на 2013-та година изнесувал 2,06 милијарди евра, соопшти централната банка на Италија.

Долгот е намален благодарение на големиот буџетски суфицит и намалените потреби за ликвидни средства на државата, соопшти тамошната централна банка.

Јавниот долг на Италија е втор по големина во евро зоната, по грчкиот, и е најголема причина поради која државата од време на време се наоѓа на мета на шпекулантите.