Италија ја оправда фаворитската улога, Хрватска долго се мачеше против Малта

Репрезентацијата на Италија одлично ги стартуваше квалификациите за ЕП, забележувајќи победа од 2:0 на гостувањето кај незгодната Норвешка. Ова беше и премиерен натпревар и за новиот селектор на “азурите”, Антонио Конте.

Стрелци на погодоците за Италија беа Заза во првиот и Бонучи во вториот дел од натпреварот.

Иако репрезентацијата на Хрватска беше апсолутен фаворит на домашен терен против Малта, сепак “коцкестите” 46 минути се мачеа да постигнат погодок. Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ постигна прекрасен погодок од 25 метри, со кој на најубав можен начин го прослави својот 29ти роденден. Конечните 2:0 ги постигна Крамариќ во 81. минута од натпреварот.

Од останатите натпревари може да се издвои непријатниот пораз на Холандија, која прими гол во судиското надополнување и загуби на гостувањето кај Чешка со 2:1, како и поразот на домашен терен на БиХ, која со идентичен резултат беше поразена од Кипар.

Резлутати од синоќешните натпревари: Азербејџан – Бугарија 1:2, Казахстан – Летонија 0:0, Андора – Велс 1:2, БиХ – Кипар 1:2, Чешка – Холандија 2:1, Хрватска – Малта 2:0, Исланд – Турција 3:0, Норвешка – Италија 0:2.