среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 48

Италија ќе испитува дали Исламска Држава стои зад бранот бегалци

Миграциската рута од Турција кон Грција е прекината откако ЕУ и Анкара го потпишаа договорот за запирање на мигрантите, а стотици луѓе и понатаму секојдневно пристигнуваат во Италија, воглавно од Либија.

Мигранти со гумени чамци пристигнуваат во Грција, ФОТО: Ројтерс

ФОТО: Ројтерс

Поврзани вести

Миграциската рута од Турција кон Грција е прекината откако ЕУ и Анкара го потпишаа договорот за запирање на мигрантите, а стотици луѓе и понатаму секојдневно пристигнуваат во Италија, воглавно од Либија.

Криминалните банди го искористија хаосот во Либија да заработуваат по стотици долари од илегалните патувања по Средоземното Море за сите оние што се во потрага за подобар живот во некоја од европските земји, а станува збор за државјаните на субсахарска Африка.

-Во тек е истрага чија што цел е да дознае дали џихадистите од Исламска држава имаат клучна улога во контролирањето и реализацијата на патувањата на мигрантите кон Италија, изјави пред парламентарното мнозинство министерот за судство Андреа Орландо.

Тој вели дека податоците од истрагата за влезот на мигрантите и активностите на европската агенција Европол се тајни. Тој истакна дека прашањето е деликатно, а дека ризикот е голем, но дека постои сомнеж дека милитантите настојуваат на тоа каде во Италија да ги насочат мигрантите.

Неодамна германската канцеларка Ангела Меркел посочи дека милитантните групи во Европа прокриумчариле и свои членови.

Од Либија во Италија мигрантите пристигнуваат најчесто во стари и опасни пловила. Само оваа година на пат кон Европа се удавиле 4.027  бегалци, од кои три четвртини во Средоземното Море, извести во вторникот Меѓународната организација за миграција, што е зголемување од 35 отсто во однос на првите седум месеци од 2015-тата.

Според Организацијата, над 257.000 мигранти и бегалци годинава влегле во Европа по морски пат.

Најчитани вести