Балкан

Италија ќе и помага на Албанија околу лоцирање канабис

Италија ќе и помага на Албанија околу лоцирање канабис

Италијански полициски хеликоптери и годинава ќе реализираат акција за откривање на парцели засадени со канабис во Албанија.

Оваа информација ја соопштил италијанскиот амбасадор во Тирана, Масимо Гаиани по средбата со  со директорот на албанската полиција Хаки Чако.

– И за оваа година Италија има одвоено средства за реализација на ваква акција, која од нашите две земји се оценува како значајна мисија.Успешни мисии реализирани се и во 2012, 2013 а посебно минатата година, изјавил Гаиани.

Генералниот директор на албанската полиција Чако, се забагодарил за досегашната сестрана помош што ја дава Италија за албанската полиција и се заложил за унапаредвање на соработката.