Спорт

Италија ќе напаѓа со Балотели, Дестро и Инсиње

Италија ќе напаѓа со Балотели, Дестро и Инсиње

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Чезаре Прандели го објави поширокиот список со фудбалери кои се во комбинација за настап на престојниот Мундијал во Бразил.

Популарните “азури” ќе се натпреваруваат во групата “Д”, каде за противник ги имаат репрезентациите на Англија, Уругвај и Костарика.

Убедливо најголема ѕвезда во поширокиот список е контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели, но најверните фанови на Италија најмногу очекуваат од искусниот играч за врска, Андреа Пирло.

Список со фудбалери: ГОЛМАНИ: Џанлуиџи Буфон, Матиа Перин, Салваторе Сиригу, Антонио Миранте. ДЕФАНЗИВЦИ: Игнасио Абате, Андреа Барѕаљи, Леонардо Бонучи, Џорџо Киелини, Матео Дармиан, Матиа де Шиљо, Кристијан Маџо, Габриел Палета, Мануел Пасквал, Андреа Ранокија. СРЕДЕН РЕД: Алберо Аквилани, Антонио Кандрева, Даниеле де Роси, Клаудио Маркизио, Рикардо Монтоливо, Тиаго Мота, Марко Пароло, Андреа Пирло, Ромуло, Марко Верати. НАПАД: Антонио Касано, Алесио Черчи, Матиа Дестро, Чиро Имобиле, Лоренцо Инсиње, Џузепе Роси, Марио Балотели.