сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

Италија: Крајбрежната стража спаси 900 мигранти од Сирија и Ирак

Крајбрежната стража во Италија вчера од два брода покрај бреговите на Сицилија, спаси околу 900 мигранти, претежно Сиријци, а на бродовите имало и ирачки државјани.

Поврзани вести

Крајбрежната стража во Италија вчера од два брода покрај бреговите на Сицилија, спаси околу 900 мигранти, претежно Сиријци, а на бродовите имало и ирачки државјани.

Како што пренесува МИА, врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци соопштил дека овој случај претставува најголем обид за масовна миграција од Сирија и Ирак кон Италија од почетокот на годината.  Портпаролот на италијанската крајбрежна стража изјави дека од едниот брод се спасени 515 лица, а од другиот 380.

Засега не е прецизиран точниот број на националноста на мигрантите.

Портпаролката на Комесаријатот на ОН изјави дека Сиријците и Ирачаните најверојатно испловиле од Египет, а не од Либија, традиционална точка на заминување на повеќето мигранти, кои се упатила кон Италија.

Комесаријатот посочи дека во април во Италија пристигнале повеќе мигранти, отколку во Грција, 9.149 наспротив 3.650, нешто што е забележано прв пат од мај 2015 година.

Најчитани вести