Италија против мафијата – Запленети 8 милиони евра имот и пари на адвокат на Камората

италија мафија

Полицијата во Италија заплени пари и имот во вкупна вредност од осум милиони евра од адвокат на мафијата, кој лани бил осуден под обвинение за смртни закани кон писателот Роберто Савиано, автор што ја разоткри неаполската Камора, јавува германската новинска агенција ДПА, пренесува Нетпрес.

Савиано веќе одреден период живее под силно полициско обезбедување, откако во 2006 година го публикуваше својот бестселер „Гомора“, дело во кое целосно ја разоткри наполитанската мафијашка организација Камора.

italija mafija kamora neapol
Италија против Мафијата, Роберто Савиано

Насловот на неговата книга Гомора, според него, е комбинација од името на библискиот град Гомор, уништен од Господ поради развратот кој царувал во него, и името на наполитанската мафија Камора.

Според книгата, потоа, беа креирани еден игран филм и телевизиска серија.

Италијанските власти конфискувале од адвокатот Микеле Сантонастазо автомобили, банкарски сметки, земјиште, вили, апартмани и неколку бизнис холдинзи.

itlaija mafija kamora
Италија против Мафијата, Микеле Сантонастазо

Инаку, на судско рочиште во 2008 година, Сантонастазо на глас прочита порака од име на двајцата босови на Камората, против Савиано и уште три лица.

Во ноември, лани, адвокатот доби условна пресуда од една година затвор, откако го прогласија за виновен за заплашување во стилот на мафијата. Двајцата мафијаши, кои пак тој ги застапувал на судењето, беа ослободени. Во декември, лани, Сантонастазо беше прогласен за виновен за друго дело и осуден на 11 години затвор под обвинение за припадност на Камората, но пресудата не е извршена поради процедурата за жалби.

Денес италијанските власти, против него, изрекоа задолжителен четиригодишен домашен притвор, што значи дека тој не смее да ја напушти сегашната своја адреса на живеење.

italija mafija kamora neapol
Италија против мафијата, делото Гомора

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.