Италија: На секој час криминалци крадат по 13 автомобили

Криминалците во Италија на секој час во просек крадат по 13 автомобили.

Најмногу автомобили се украдени во регионот Кампанија – 23.682 во 2015 година, а најбезбеден е градот Белуно каде криминалци крадат „само“ по 19 автомобили дневно.

Како што објави Кориере дела сера, во цела Италија дневно „исчезнуваат“ по 312 автомобили.

Вкупниот број украдени патнички автомбили во минатата година во Италија е 114.121. Најчесто краден автомобил во Италија е Фиат Панда – 11.632 во 2015 година, од кои се пронајдени 56 отсто.