Италија: Над 80.000 лица без струја поради обилните врнежи

Поради силни ветрови и поројни дождови во италијанската област Тоскана околу 80 илјади лица останаа без електрична енергија, јави ТАСС.

Во некои региони е прогласена вонредна состојба поради опасност од поплави и излевање на реките. Од лошото време загинаа две лица во Апенините.

Под специјална контрола е археолошкиот центар Помпеј, каде силните дождови може да уништат ѕидови на древни градби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.