Свет

Италија од утре претседава со ЕУ

Италија од утре претседава со ЕУ

Денес е последниот ден од шестомесечносто претседавање на Грција со Европската Унија, а кормилото од утре го превзема Италија. Во Атина со тој повод ќе биде одржана скромна церемонија, во склад со ветувањето на Грција дека нејзиното претседавање ќе помине во знакот на штедење.

Италијанскиот премиер Матео Ренци ќе ги претстави приоритетите за наредните шест месеци во среда на 2-ри јули, на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Како што е најавено порано, Италија, во текот на своето претседавање првенствено ќе се ориентира на стопанскиот раст и вработувањето, а мандатот ќе започне со серија на неформални состаноци на министерско ниво во јули.

После Италија, претседавањето со ЕУ од 1-ви јануари ќе го превземе Летонија.