Италија основа фонд со цел спречување мигранти

мигранти

Тој наведе дека се работи за фонд од 200 милиони евра. Изјавата е дадена два дена пред состанокот на лидерите од ЕУ на Малта каде ќе се разговара за плановите да се запре бранот мигранти од Африка во Европа.

Лани во Италија преку Медитеранот пристигнале 181 илјада мигранти, најголем дел од Либија. Проценките се дека повеќе од 5.000 луѓе ги загубиле животите во обид да преминат во Европа.

Фондот според Алфано, е наменет за африкански држави за контрола на нивните граници и спречување на заминување луѓе. Државите може да побараат и обука и опрема за зајакнување на границите.

Моментно Либија, Тунис и Нигер се три стратешки партнери за фондот, изјави Алфано. Следни партнери може да бидат Сенегал, Нигерија, Египет и Етиопија.