Италија предлага центри за имигранти да се отворат во Африка

Италија синоќа повика членките на ЕУ да формираат центри за прием на имигранти во Северна Африка, откако напорите на агенцијата на ЕУ за зачувување на границите се покажаа недоволни за да се справат со бранот луѓе кои бараат азил во Европа, објави МИА.

Според Анџелино Алфана, министер за внатрешни работи на Италија, тие центри ќе извршуваат хуманитарни задачи, ќе дозволат Европа да извршува проверки и да ги разбие огромниот пазар на трговија со луѓе.

Повеќе од 270 илјади луѓе влегле минатата година во ЕУ илегално. Најмногу се од Либија кон Јужна Европа.

ЕУ планира да испрати свои имиграциски службеници во држави вон Европа за да проверат дали луѓето имаат потреба од итна помош и какви можности за легална емиграција може да им бидат дадени. Тоа првично ќе се испробува во Нигер, во кој транзитно кон Европа минуваат млади луѓе од Сенегал, Гамбија и Мали.